Работилница за сервисери и инспектори на опрема – Битола 26.09.2016
Во рамките на имплементација на членот 22-б став (12) од законот за Животна средина (“Службен весник на Република Македонија” број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 192/15) и Правилникот за начинот на собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (“Службен весник на Република Македонија” број 85/2013) на 26.09.2016 во Битола беше одржана работилница на која учество земаа серивсерите на опрема , како и инспекторите за животна средина и сопствениците на опрема. Работилницата беше поделена во два дела. Првиот дел од работилницата беше наменет за сите учесници и истите имаа можност да ги проследат следните презентации:
- Озонска обвивка – осиромашување и заштита
- Национална легислатива во управување со средствата за ладење (евиденција и означување на опрема што содржи средства за ладење, лиценца за постапување со средствата за ладење и/или производи што содржат средства за ладење, годишен извештај за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење)
- Обврски на поседувачот на опрема
- Евиденција и обележување на опрема што содржи средства за ладење (содржина и правила за пополнување на евидентната книшка и евидентниот лист, содржина и апликација на етикетата за евидентен број и етикетата за податоци на опремата)
- Алатки за олеснување на евиденцијата и обележувањето на опрема што содржи 3 и повеќе килограми средство за ладење
- Инспектирање на опрема што содржи 3 и повеќе килограми средство за ладење
- Практични примери за апликација на референтни документи
По завршувањето на првиот дел беа дадени одговори на најчесто поставуваните прашања, како и беше отворена дискусија за темите кои беа обработени.
Вториот дел на работилницата беше наменет за сервисерите за ладилна техника и на истите имаа можност да ги проследат следните презентации:
- Добра сервисна практика
- Проверка на истекување и испитување на заптивноста на системите за ладење и климатизација
- Халогенирани средства за ладење и нивни природни алтернативи
- Презентација на прирачникот за добра сервисна пракса во системите за ладење и климатизација
Овие теми предизвикаа голем интерес кај учесниците на работилницата при што се разви интензивна дискусија за иситие.