Демонстрациониот проект за замена на центрифугалните чилери кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка
Целта на проектот е демонстација на намалување на потрошувачката на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка преку замена на центрифугални чилери кои ги содржат овие хемикалии во НБМ и ОХИС.
Конкретно проектот овозможи:
- Пресретнување на обврските кон Монтреалскиот протокол.
- Унапредување на енергетската ефикасност преку заштеда на енергија, како и намалување на емисијата на стекленички гасови во ладилниот сектор и климатизацијата.
Демонстрационен проект за алтернативите на употреба на метилбромидот во земјоделството
Целта на овој проект беше да се демонстрира техничката и економската оправданост на алтернативните методи за замена на метилбромидот во производството на тутуновиот расад.
Имплементирани се алтернативни технологии кои се докажани во развиените земји:
а.) Употреба н амали дози на алтернативни хемикалии
б.) соларизација со биофумигација
в.) Безпочвена култивација
сите во комбинација со Интегрлна заштита.
Со имплементација на проектот компленто се елиминирани 25T на метилбромид, супстанција со висок потенцијал на осиромашување на озонската обвивка во оваа компанија.
Елиминација на CFCs во фабриката за фрижидери “Фринко”
Вкупната потрошувачка на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, што се употребуваат како средство за експандирање на пена (CFC-11), и како средство за ладење (CFC-12) во фрижидерите за домаќинство и во комецијалните фрижидери, пред конверзијата изнесуваше 104 MT.
Врз база на препораките на техничкиот комитет на Монтреалскиот Протокол, замената на CFC-11/12 е направена со HFC-134a. Главната предност на HFC-134a е неговиот потенцијал на осиромашување на ознонската обвивка (ODP), кој изнесува нула.
Имплементацијата на проектот заврши во ноември 1998 година и со него компленто се елиминира вкупната пторошувачка од 104 T на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка во оваа компанија.
План за управување и ракување со халоните
Целта на Планот за управување и ракување со халоните е развивање на широка и детална програма за елиминација на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка (халони), кои се користат во средствата за гаснење на пожари во Република Македонија.
План за управување и ракување со средства за ладење
Целта на Планот за управување и ракување со средствара за ладење беше развивање на широка и детална програма за елиминација на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка, кои се користат за сервисирање на фрижидери и климатизери во Република Македонија. Планот се сотоеше од три потпрограми или компоненти:
- Програма за обука во оддржувањето на фрижидери
Со оваа програма се обучени сервисери кои се занимаваат со сервисирање на домашни и мали комерцијални фрижидери. Во првиот круг од тренингот обучени се 266 сервисери на разладни уреди од целата територија на Република Македонија.
- Повторна употреба и рециклирање на ладилните флуиди
Формирани се три центри за рециклирање на CFCs, и е обезбедена опрема за повторна употреба на CFCs за 100 сервисери.
- Обука за царинските работници:
Обезбедена е орема за детекција на средствата за ладење и обучени се 300 царински работници за правилно регистрирање и детекција на супстанциите.
Со имплементација на проектот комплетно се елиминирани 45 T на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка.
Елиминација на CFC-11 во производството на цврсти PU-сендвич панели во фабриката “Силекс”
Со конверзија се елиминирани 100% од потрошувачката на CFC-11 во производството на цврсти PU-сендвич панели. CFC-11 кој има улога на средство за експандирање, е заменет со HCFC-141b, чијашто главна предност е ниската вредност на потенцијалот на осиромашување на озонската обвивка.
Со имплементација на проектот комплетно се елиминирани 76 T на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка во оваа компанија.
Елиминација на CFC-11 во производството намеки пени во фабриката “Силекс”
Вкупната количина на CFC-11, што се користеше во производството на меките пени е потполно заменета со течен јаглерод двооксид. Избран е методот на експандирање на пена со мала густина со течен јаглерод двооксид, како спредствоза експандирање. Проектот е имплементиран преку модификација на старата производствена линија и инсталирање на дополнителна опрема и инструменти. Меката пена, произведена во овој сектор, наоѓа примена во изработката на мебел, душеци и во текстилната индустрија.
Со имплементација на проектот комплетно се елиминирани 520.125 T на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка во оваа компанија.
Замена на метилбромидот во земјоделството
Проектот се реализираше во производството на тутунов расад и раноградинарски култури. Активностите беа имплементирани во сите производствени региони со што потполно се елиминираше употребата на метилбромидот во Република Македонија.
Со имплементација на проекто комплетно се елиминирани 45,4 Т на метилбромид, супстанција со висок птоенцијал на осиромашување на озонската обвивка во оваа компанија.
План за комплетна елиминација на CFCs
Планот за комплетна елиминација на CFCs во Република Македонија е уште еден чекор, но овој пат финален, на република Македонија во повеќегодишните напори за комплетна елиминација на групата на хлорофлуоројаглеводороди или CFCs.
Со цел да се пресретнат обврските за редукција и финална елиминација на оваа група на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка спроведени се активности за собирање, прочистување и рециклирање на ладилните медиуми.
Во тој контекст обновена е шемата за повторна употреба на флуидите:
- Подготвен прирачник за сервисери на ладилна техника
- Подготвен прирачник за цариници за контрола на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка
- Обучени 24 професори до 10 стручни средни училишта за правилно управување и ракување со разладните средства и уреди
- Обучени 216 сервисери на ладилни уреди за правилно управување и ракување со разладните средства и уреди
- Обучени 103 цариници за контрола и детекција на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка
- Доделени 10 комплета демонстрациона опрема за собирање, прошистување и рециклирање на ладилните флуиди на средни стручни училишта
- Доделени 29 комплета опрема за собирање, прочистување и рециклирање на ладилните флуиди на сервиси за разладна техника
- Обезбедени се 6 компелта на опрема за детекција на CFCs за Царинската управа на Македонија