Тематски состанок за План за Елиминација на HCFC (HPMP)

unep_logo  БЕЛГРАД – Србија
29 Ноември – 01 Декември 2016 година.

 Регионалната мрежа на Озон за Европа и Централна Азија (ECA мрежата) на Акционата програма Озон UNEP DTIE во соработка со Министерството за земјоделство и заштита на животната средина на Република Србија организира Тематски состанок за имплементација на плановите и фазата за исфрлање и управување на HCFC (HPMPs) и презентација на ОДС алтернативните истражувања во Белград, Србија.

Средбата е дел од програмата за работа на UNEP Регионалната мрежа за заштита на озонската обвивка во Европа и Централна Азија (ECA мрежата) и е финансирана од Мултилатералниот фонд за имплементација на Монтреалскиот протокол. Планираниот состанок ќе биде координиран од UNEP.