Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење – Охрид

Охрид, 21 Октомври.2019

Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење

Како дел од активностите за имплементацијата на член 22-б од Законот за животна средина, Правилникот за начинот на собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (“Службен весник на Република Македонија” број 85/2013), како и Планот за елиминација на HCFC,  Министерството за животна средина и просторно планирање/Канцеларија за заштита на озонската обвивка организираше Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење. Настанот беше одржан на 21.10.2019 во Охрид, со цел интензивирање на активностите за евиденција и обележување на опремата што содржи 3 или повеќе килограми средства за ладење и обезбедување соработка и координација на двата важни чинители во процесот: сопствениците на опрема за ладење и инспекторите за животна средина.  На работилницата беа презентирани следниве теми:

-          Улога на Државниот инспекторат за животна средина во контролата на хемикалиите и опремата која содржи хемикалии, при што беше презентирана структурата на Инспекторатот за животна средина, нивните моментални проекти како и идните планови со цел за подобра контрола на компаниите.

-          Важноста на озонската обвивка како и обврските пропишани со Монтреалски протокол чија главна цел е заштитата на озонската обвивка почнувајќи од неговите амандмани па се до видливите придобивки од истиот.

-          Кигали амандман – теоретски и практични аспекти, потребата од намалување на употребата на хидрофлуоројаглеродите во процесот на намалување на ефектот на стаклена градина.

-          Национална легислатива во управувањето со супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка и средствата за ладење – легални аспекти на управувањето со средства за ладење и обврските на инволвираните чинители.

-          Добри пракси за евиденција и означување на опрема која содржи 3 и повеќе килограми средство за ладење и нејзино инспектирање, детално објаснување за постапката на евиденција и обележување на опремата, како и искуства од регионот. Воедно, во рамките на оваа презентација, контролната листа за инспектирање беше споделена со инспекторите со цел да се обезбеди ефективна и квалитетна инспекција.

Во рамките на практичниот дел беше направена евиденција на постоечка опрема со цел да се презентира и објасни процесот подетално.

Презентациите од работилницата може да ги прегледате тука