Работилница за инспектирање на опремата што содржи средства за ладење

Скопје, 19 Декември 2019

Работилница за инспектирање на опремата што содржи средства за ладење

Rabotilnica_19122019 - webСо цел да се помогне на инспекторатот во процесот на инспектирање на пазарот на разладни средства и останати супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка, Националната канцеларија за заштита на озонската обвивка организираше работилница која се одржа на 19.12.2019. На ова работилница свој придонес дадоа ѓ-ѓа Снежана Иличич, интернационален експерт и ѓ-ѓа Диана Рачки, претставник од хрватскиот државен инспекторат, кои го споделија своето искуство oд имплементација на Монтреалскиот прокол и неговите амандмани во Република Хрватска. Покрај нив, на работилницата присуствуваа 26 партиципанти меѓу кои инспектори од сите региони во Македонија како и претставници од Канцеларијата за заштита на озонската обвивка.

 Првата презентација беше краток осврт на потребата од заштита на озонската обвивка, Монтреалскиот Протокол и Амандманите како и националната легислатива во однос на оваа проблематика. Потоа беше објаснета улогата на Државниот инспекторат за Животна Средина, улогата, моменталните проекти, идни планови како и самата организациска структура на Инспекторатот.

Националната легислатива на Република Хрватска, која е транспонирана од Европската, ја објасни ѓ-ѓа Иличич, со осврт на обврските на компаниите, сервисерите како и со можни сценарија како промените во регулативите и директивите под влијание на Монтреалскиот протокол, би можеле да влијаат во намалување на штетните емисии на супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка и/или допринесуваат кон глобално затоплување.

Ѓ-ѓа Рачки, ја објасни улогата на хрватскиот инспекторат за животна средина, нивните задачи и обврски со цел имплементација на новите регулативи, со посебен осврт на Европската регулатива 517/2014. Меѓу другото, ѓ-ѓа Рачки презентираше како фунционира тренингот и тренинг центрите за сервисери и под кои услови работат тие во Република Хрватска, процедурите на увоз и извоз на штетни супстанции како и неколку случаи на криумчарење, односна илегална трговија со истите.

Оваа работилница имаше за цел споделување искуство на хрватските преставници но и помеѓу македонските инспектори, како и простор за дискусија за понатамошни потенцијални измени во законот  со цел подобрување на системот кој се справува со овие супстанции.

Галерија слики