Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење – Велес

Велес, 07 Јуни, 2019 

Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење

Во рамките на имплементацијата на член 22-б од Законот за животна средина, Правилникот за начинот на собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (“Службен весник на Република Македонија” број 85/2013), како и Планот за елиминација на HCFC,  Министерството за животна средина и просторно планирање/Канцеларија за заштита на озонската обвивка организираше Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење. Настанот беше одржан на 07.06.2019 во Велес, со цел интензивирање на активностите за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење и обезбедување соработка и координација на двата важни чинители во процесот на евиденција на опрема која содржи 3 и повеќе килограми на средство за ладење, сопствениците на опрема за ладење и инспекторите за животна средина.  На работилницата беа презентирани следниве теми:

-          Улога на Државниот инспекторат за животна средина во контролата на хемикалиите и опремата која содржи хемикалии, при што беше презентирана структурата на Инспекторатот за животна средина, нивните моментални проекти како и идните планови со цел за подобра контрола на компаниите.

-           Монтреалски протокол и Кигали амандман – теоретски и практични аспекти, почнувајќи од заштитната улога на озонската обвивка  и нејзиното осиромашување, преку обврските кон Монтреалскиот протокол и неговите амандмани и досега покажаните бенефити од истиот.

-          Национална легислатива во управувањето со супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка и средствата за ладење – легални аспекти на управувањето со средства за ладење и обврските на инволвираните чинители.

-           Добри пракси за евиденција и означување на опрема која содржи 3 и повеќе килограми средство за ладење и нејзино инспектирање, детално објаснување за постапката на евиденција и обележување на опремата, како и искуства од регионот.

Презентациите од работилницата може да ги прегледате на следниов линк.

 

Галерија