Обука за контрола на супстанции, смеси и опрема контролирани од Монтреалскиот протокол за супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка
Гевгелија (24.01.2020), Скопје (19.02.2020) и Битола (21.02.2020)
Обука за контрола на супстанции, смеси и опрема контролирани од Монтреалскиот протокол за супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка
Во рамките на имплементацијата на Националниот план за елиминација на HCFCs спроведени се активности за зајакнување на капацитетите на Царинската управа на Република Северна Македонија. Во оваа смисла обезбедени се идентификатори на супстанциите класифицирани во петте анекси на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка. Со овие идентификатори се очекува да се спроведе редовна контрола на супстанциите кои се увезуваат или извезуваат од Македонија, а се контролирани од Протоколот заради навремено спречување на илегална трговија.
Со цел да се олесни ракувањето со овие идентификатори се обезбеди наративна поддршка на нивната апликација, односно беше изработен Прирачник за контрола на супстанции, смеси и опрема контролирани од Монтреалскиот протокол за супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка. Прирачникот содржи и детални насоки за адекватна идентификација и контрола на овие супстанции, нивните смеши и опремата која ги содржи на граничните премини. Како сите сублимирани и екстрахирани податоци би биле перманентно на располагање на цариниците подготвено е и дисиминирано мини издание на Прирачникот.
Кампањата за зајакнување на капацитетите на Царинската управа предвиде и серија на обуки за контрола на супстанции, смеси и опрема контролирани од Монтреалскиот протокол за супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка. Воедно, беа организирани и спроведени три обуки, во Гевгелија (24.01.2020), Скопје (19.02.2020) и Битола (21.02.2020) каде царинските службеници добија информации за Монтреалскиот протокол и супстанциите кои ги контролира како и тренинг за употреба на идентификаторите.
Теоретскиот дел од обуките опфати запознавање со Монтреалскиот Проткол и Кигали Амандманот, потсетување на национална легислатива и процесот на добивање дозволи за увоз и извоз на супстанции кои се опфатени со Монтреалскиот Протокол. Тука присутните беа запознаени со начините на криумчарење и превенција од истото, според меѓународното искуство.
Практичниот дел опфати обука за употреба на идентификаторите, препознавање на боците во зависност од тоа која супстанција/смеша ја содржат, дали се работи за боци за еднократна или повеќекратна употреба, итн.