Работилница за евидентирање и инспектирање на опремата што содржи средства за ладење – Ван Хоол

Скопје, 10 Септември 2019

На10.09.2019 беше одржана Работилница за добри пракси при евидентирање и инспектирање на опрема што содржи средства за ладење, во организација на Канцеларијата за заштита на озонската обвивка при Министерството за животна средина и просторно планирање. На оваа работилница, под мотото “32 години заштита и обвновување„ се обележа Светскиот ден на заштита на озонската обвивка. Домаќини на настанот беа одговорните од фабриката „Ван Хоол„, додека меѓу присутните беа претставници од компаниите – сопственици на опрема која содржи разладни средства, сервисери на опрема за ладење, како и инспектори за животна средина.

Работилницата имаше теоретски како и практичен дел.

Теоретскиот дел вклучуваше презентации за:

  • Озонската обвивка и Монтреалскиот протокол, околу заштитната улога на озонската обвивка, нејзиното создавање односно уништување, како и придобивките од Монтреалскиот протокол за нејзино обновување
  • Кигали амандманот, како додаток на Монтреалскиот протокол со цел намалување на ефектот на т.н. „стакленички гасови„.
  • Националната легислатива за опремата која содржи разладни средства, законите и обврските на компаниите за евиденција на опрема
  • Улогата на државниот инспекторат за животна средина, организациската структура и начинот на работа, и
  • Добри пракси при евиденција и инспектирање на опрема што содржи разладни средства

Со завршување на теоретскиот дел,  беше извршена евиденција на опрема која содржи повеќе од 3 кг на средства за ладење, на лице место, што го заокружи и теоретскиот дел од настанот.

Галерија