Годишен состанок на регионалната мрежа за заштита на озонската обвивка за Европа и Централна Азија

Охрид, Македонија
10-12 мај, 2017, (ECA состанок)
11-13 мај, 2017 (IIR конференција за ладилна техника)

Основање на институционална и законска рамка за подготовка на намалување на HFC врз основ на Кигали Амандманот регионалната мрежа за заштита на озонската обвивка за Европа и земјите од централна Азија (ECAмрежа), Програмата за заштита на животната средина при Обединетите нации –  OzonAction програмата и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија во соработка со UNDP Македонија, организираат годишен состанок на ECA мрежата во Охрид, Македонија од 10-12 мај, 2017 година. Состанокот се поклопува со 7-та Меѓународна конференција за ладење со природни флуиди: амонијак и јаглерод диокдсид-CO2 што ќе се одржи во Охрид од 11-13 мај, 2017. Претставниците од RAC (Асоцијација на сервисери) ќе имаат можност да земат учество во одредени сесии на оваа конференција за ладилна техника и да се стекнат со знаење за најновите технологии поврзани со амонијак и CO2. Конференцијата е организирана од страна на Инернационалниот институт за ладење “International Institute of Refrigeration (Paris – IIR)” и Машинскиот факултет од Скопје, Македонија.
Состанокот е во склоп на контекстот на Кигали амандманот кој беше договорен на 28-миот состанок на земјите членки во Руанда на 15-ти октомври, 2016 година. Главниот фокус е намалување на глобалните стакленички гасови – флуројаглеводородни (HFC) кои придонесува Монтраелскиот Протокол да биде моќен договор за заштита на глобалната клима. Се очекува значително да придонесе за целите на Договорот од Париз (ограничување на глобалното затоплување до 2 степени до 2100 година).