Меѓународeн фотоконкурс
Драги пријатели на фотографирањето,
Би сакале да Ве поканиме да земете учество во Меѓународниот фотоконкурс и да испратите фотографии поврзани со:
- “Климатски промени во моите очи”
- “Озонската обвивка и јас”
Апликацијата треба да биде поднесена најкасно до 15ти август, 2017, 18:00 часот (Ташкент, GMT+5) на info@envcontest.uz. За детални информации, Ве молиме посетете ја веб-страната на Меѓународниот фотоконкурс:http://www.envcontest.uz
Цел
Меѓународниот фотоконкурс е организиран за да се подигне јавната свест за прашањата околу климатските промени и заштитата на озонската обвивка и да се промовира внимателен став кон животната средина во целиот свет.
Учесници
Меѓународниот фотоконкурс е отворен за сите професионални и аматерски фотографи низ целиот свет. Учеството на жените и младите посебно се охрабрува.
Категории
Меѓународниот фотоконкурс се одржува во 2 категории:
1. “Климатски промени во моите очи”
2. “Озонската обвивка и јас”
Правила
Секој учесник може да испрати само 1 фотографија за секоја категорија.
Фотографиите во категоријата “Климатски промени во моите очи” може да:
- Покажуваат/ги оцртуваат знаците на климатските промени,
- Прикажуваат мерки за адаптација на климатските промени,
- Наведуваат мерки насочени кон ублажување на климатските промени, итн.
Фотографиите во категоријата “Озонската обвивка и јас” може да:
- Покажуваат влијание на озонската обвивка врз животот во светот,
- Демонстрираат мерки насочени кон заштита на озонската обвивка, итн.
Креативен пристап во откривањето на темите во секоја од овие категории е добредојден.
Секоја фотографија мора да биде придружена со прописно пополнет формулар за апликацијана англиски јазик и да ги исполни барањата поставени во деловите “Барања за фотографии” и “Други барања” од формуларот за апликација. Формуларот за аплицирање може да се симне од веб-страницата на Меѓународниот фотоконкурс http://www.envcontest.uz.
Награди и сертификати
Ќе има 6 победници на Меѓународниот фотоконкурс, кои ќе добијат награди од страна на организаторите.
Награди за првата категорија – “Климатски промени во моите очи”:
Прво место – фотоапарат;
Второ место – таблет компјутер;
Трето место – мобилен телефон.
Награди за втората категорија – “Озонската обвивка и јас”:
Прво место – фотоапарат;
Второ место – таблет компјутер;
Трето место – мобилен телефон.
Дополнително, еден победник во специјалната номинација “Жените и озонската обвивка” ќе добие награда подготвена од Истанбулскиот регионален центар на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Авторите на 20-те најдобри фотографии ќе добијат сертификати од страна на организаторите.
Клучни датуми
јули 10, 2017 | Официјалнбо отварање на Меѓународниот фотоконкурс. |
јули 10 – август 15, 2017 | Поднесување фотографии и апликации. |
август 15, 2017 | Пред-избор на фотографии, ако вкупниот број на фотографии добиени надминува 100. |
август 15 – август 25, 2017 | Онлајн гласање за претходно избрани 100 фотографии, на htpp://www.envcontest.uz и идентификација на најдобрите 20 фотографии. |
август 25, 2017 | Избор на победниците на Меѓународниот фотоконкурс од страна на жирито. |
септември 11, 2017 | Изложба на фотографии во Ташкент и најава на победницитена Меѓународниот фотоконкурс. |
За сите дополнителни информации погледнете го официјалното известување на англиски јазик