Работилница за сервисери и инспектори на опрема – Скопје 05-06.05.2016

Во рамките на имплементација на членот 22-б став (12) од законот за Животна средина (“Службен весник на Република Македонија” број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 192/15)  и Правилникот за начинот на собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (“Службен весник на Република Македонија” број 85/2013)  на 05.05.2016. и 06.05.2016 одржани се тематски работилници во Скопје. На работилницата на 05.05.2016 присутни беа сервисерите на опрема што содржи средства за ладење, додека пак на работилницата на 06.05.2016 присутни беа инспекторите за живтона средина и сопствениците на опрема која содрѓи средства за ладење. Истите има можност да ги проследат следните презентации:

 - Озонска обвивка – осиромашување и заштита

- Национална легислатива во управување со средствата за ладење (евиденција и означување на опрема што содржи средства за ладење, лиценца за постапување со средствата за ладење и/или производи што содржат средства за ладење, годишен извештај за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење)

- Обврски на поседувачот на опрема

- Евиденција и обележување на опрема што содржи средства за ладење (содржина и правила за пополнување на евидентната книшка и евидентниот лист, содржина и апликација на етикетата за евидентен број и етикетата за податоци на опремата)

-  Алатки за олеснување на евиденцијата и обележувањето на опрема што содржи 3 и повеќе килограми средство за ладење

- Инспектирање на опрема што содржи 3 и повеќе килограми средство за ладење

- Практични примери за апликација на референтни документи

На крајот на работилницата беа дадени одговори на најчесто поставуваните прашања, како и беше отворена дискусија за темите кои беа обработени.

За работилницата имаше голем интерес и учество во истата земаа 54 сервисери на опрема и 18 инспектори за животна средина и сопственици на опрема.