Обука за инспектори за животна средина
Скопје, 18 септември, 2017
Обука за инспектори за животна средина
Како дел од активностите за подигање на јавната свест и одбележување на 16ти септември, Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, организирана е обука на тема „Контрола на процесите за евиденција и обележување на опремата која содржи средства за ладење“. Обуката беше посветена на инспекторите за животна средина од скопскиот и полошкиот регион и се состоеше од два дела: теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел беше покриен со презентации на следните теми: заштита на озонската обвивка и ефекти на хуманата популација и животната средина.
Со презентација беше застапен и делот за климатски промени. Во овој дел беше презентирана националната легислатива поврзана со евиденцијата и обележувањето на разладната опрема и обврските на земјата кон Монтреалскиот протокол.
Во практичниот дел, инспекторите беа запознаени со опремата (10 апарати за детекција за истекување на разладни средства – фреони и 6 апарати за идентификација на гасови со негативен ефект врз озонската обвивка и
климата) што ја доби ДИЖС во рамките на имплементацијата на Планот за елиминација на HCFC. На инспекторите им беше дадена можност на лице-место и преку практичен пример да се запознаат со процедурата за евиденција на опремата што содржи разладни средства и нејзината контрола.
Галерија